Камчев во притвор бил сместен во несоодветни услови, тортура не е утврдена

Од канцеларијата на Народниот правобранител реагираа по изјавите на адвокатите на притворениот бизнисмен Орце Камчев дека за време на притворот е изложен на тортура.

Од таму потврдиле дека го посетиле Камчев во притвор и констатирале дека е сместен во несоодветни услови и дека по нивната реакција условите биле подобрени.

Сепак, од канцеларијата на омбудсманот за телевизијата изјавиле дека не станува збор за утврдена тортура врз притворениот како што објавија некој медиуми.

Камчев е во притвор како еден од осомничените во истрагата што се води за плацевите на Водно, но против него се води и уште една истрага позната во јавноста како „Империја. Во Шутка се наоѓа и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој е осуден на 12 години затвор за масовното прислушување и се наоѓа во притвор. Засега Мијалков нема излезено со реакција за третманот во затворот.

Back to top button
Close