Караџовски: Прележувањето на Ковид не е гаранција дека не е можна реинфекција
Прележувањето на инфекцијата од Ковид-19 не е гаранција дека лицето повторно не може да биде заразено со друг сој на вирусот, рече првиот човек на комисијата за заразни болести Жарко Караџовски. Како што кажа тој, британскиот сој е присутен во државава и неколкукратно е позаразен од првичниот сој на вирус.

„Никому не можеме да кажеме дека инфекцијата којашто е прележана пред извесен период не може да донесе реинфекција со нов сој. Апсолутно станува збор за потенцијална можност да влезе во државата, дали ќе го наречеме јужноафрикански, бразилски или друг сој на вирус и заболувањето може да настане од некој друг сој или од истиот, но при помал имунолошки одговор кај организмот“, рече Караџовски.






