Кастекс сака 2021 година да биде „година на француската гастрономија“ за да им помогне на рестораните

Францускиот премиер Жан Кастекс на прес-конференцијата на која ги образложи мерките и етапите за излегување од мерките на ограничување, меѓу другото соопшти дека сака да ја направи 2021 година „година на француска гастрономија“ со цел да им помогне на рестораните, засега административно затворени најмалку до 20 јануари поради епидемијата на коронавирус, јави дописникот на МИА.

Францускиот премиер притоа се заложи „да го вреднува знаењето на француските барови и ресторани“ или „да им помогне да ја модернизираат својата алатка за работа“, премиерот понатаму посочи дека ќе назначи „квалификувана личност да го подготви овој голем проект во тесна врска со професионалци “.

Работата од дома останува правило и мора да биде што е можно помасовна, рече премиерот. Како што се очекуваше, далечинското работење ќе остане правило во следните недели, и покрај мерките за олеснување на ограничувањето кои ќе стапат на сила во сабота, 28 ноември.

Додека социјалните партнери во моментов преговараат да најдат правна рамка за далечинско работење, Емануел Макрон веќе објави во вторникот вечерта дека теле-работата ќе остане задолжителна, најмалку  до 15 декември.

Премиерот Жан Кастекс увери во четвртокот, 26 ноември, дека „првите резултати се видливи“ во борбата против епидемијата со Ковид-19, но побара да не се„намали претпзазливоста“ и смета дека ќе биде „преурането“, ако се укинат сите рестрикции.

Сите продавници ќе можат повторно да се отворат во сабота, но принципот на ограничување и потврдите за излегување од дома остануваат до 15 декември. Од 15 декември ќе велез на сила полициски час од 21 до 7 часот изутрината.

Враќањето во нормала, со повторно отворање на рестораните, е планирано за 20 јануари, но под експресен услов „периодот на божиќно-новогодишните одмори да не резултира со поврат на епидемијата“,предупреди премиерот, потсетувајќи дека дотогаш, „теле-работата ќе остане правило и треба да биде што е можно помасовна“.

-Овие мерки кај некои од вас предизвикаа гнев и неразбирање, јас сум совршено свесен за тоа, бидејќи јас искрено го разбирам општиот замор на францускиот народ и на сите народи пред епидемија која е пролонгирана и која е честопати непредвидлива, но овие мерки беа неопходни , се оправда Кастекс.

Шефот на француската влада, исто така, ги поздрави „првите позитивни резултати“ од спроведувањето на повторните ограничувачки мерки. Особено, стапката на репродукција на вирусот (Р0) „денес се проценува на 0,65“, посочи Кастекс, што значи дека 100 заразени, инфицираат 65 лица. Епидемијата се повлекува кога стапката е помала од 1. Според шефот на владата, тоа е „едно од најниските нивоа во Европа“.

-За зимскиот спорт, состојбата со епидемијата и состојбата на болниците, особено во регионите Рона-Алпи и Бургундија-Франш-Комте, не ни дозволуваат да размислиме за отворање на зимски спортови за време на зимските празници, со што тој го потврди она што Емануел Макрон го спомна во вторникот вечерта.

Емануел Макрон во вторникот објави дека компаниите затворени административно ќе можат да имаат корист од помош во износ од 20 отсто од прометот во 2019 година. Според сличен принцип, некои компании кои страдаат од рестрикциите ќе можат да имаат корист од оваа помош “ако прометот е намален за најмалку половина “, рече Жан Кастекс,„ со ниво на помош од 15 до 20 отсто “во зависност од претрпените загуби. Овој метод на компензација е валиден кога е по посакувана од веќе постоечката помош од 10.000 евра.

Back to top button
Close