Казни за 1.143 лица кои не носеле маски, во изолација 905 лица, а 120 во самоизолација

 Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 1.143 прекршоци за граѓани кои не ја почитувале мерката за носење маски.

На територијата на Република Северна Македонија на 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Back to top button
Close