Казни за 253 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 253 возачи.

Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, како што информираа од МВР, 141 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Back to top button
Close