Кешишев со изјава до судот го амнестира Палчо. Сега тврди дека не бил со нив на денот на убиствата

Еден од обвинетите за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Влатко Кешишев, кој според обвинението ги откри местата каде се закопани жртвите, неочекувано достави изјава до судот и го смени првичното тврдење дека Љупчо Палевски е извршител на убиствата.

Според она што го дознаваме, Кешишев сега тврди дека Палчо не бил со нив тројцата, Кешишев, Велибор Манев и Боре Видевски деновите кога се извршени убиствата.

Обвинетиот Влатко Кешишев ја повлекол изјавата дека Љупчо Палевски бил присутен за време на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Кешишев во изјавата која ја доставил преку затворот до судот навел дека Велибор Манев им вршел притисок да кажат дека Палчо е организатор и дека тој пукал. Манев наводно им се заканил на него и на Боре дека ќе ги здробат ако не кажат така.

На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. За оваа изјава не беше запознаен ниту адвокатот на Кешишев.

Адвокатите не ја коментираа изјавата, само рекоа дека сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето и дека тогаш ќе се расчисти работата.

За неговата изјава не е запознат ниту неговиот адвокат.

 

Back to top button
Close