Kids Today – облека за безгрижно и разиграно детство
Новоотворената онлајн продавница Kids Today е вистински новитет и освежување на пазарот на детска облека. Таа е замислена како платформа која ќе понуди внимателно избрани брендови за детска облека и обувки, каде акцентот е ставен на современиот и уникатен дизајн, но и на материјалите од кои тие се изработени. Сите производи се направени од сертифицирани органски материјали. Македонските купувачи за првпат на едно место ќе може да најдат брендови каде одржливоста, потеклото на материјалите и условите во кои се изработува секое парче облека се едни од главните приротети при креирањето на секоја колекција.
Брендовите кои може да се најдат на www.kidstoday.mk не спаѓаат во категоријата на брзата мода, туку се фокусираат да понудат врвен квалитет и удобност, да ја истакнат посебноста на секое дете и да бидат сојузник на децата во нивната безгрижност. Всушност, тие го отсликуваат детството во најдоброто светло – еклектично, имагинативно, креативно, слободно…
Kids Today ја започнува сезоната пролет/лето’23 со 5 брендови кои за прпвпат се појавуваат на македонскиот пазар, но и пошироко. Тука се шведскиот бренд Mini Rodini, препознатлив по карактеристичните принтови и парчиња кои доаѓаат во јаки, разиграни тонови; шпанскиот Tocoto Vintage кој ја пренесува тополината и шармот на медитеранот и каде може да се најдат и рачно изработени модели со особено внимание посветено на деталите; францускиот We Are Kids – бренд кој доаѓа од Корзика и кој автентично ја пренесува топлината и специфичноста на овој остров; англискиот Little Cotton Clothes кој нуди класични модели со современа нишка и исклучителна изработка и Young Soles London – бренд за луксузни детски обувки со безвременски дизајн.
Колекциите за пролет/лето’23 се веќе достапни може да се погледнат тука.