Кина е бесна на Трамп: Ова е злоупотреба!

Заканите и притисокот не се начин за справување со Кина, рече портпаролот на нејзиното Министерство за надворешни работи, опишувајќи ги тарифите што и ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп како навредливи.

Тарифите се „типичен унилатерализам и протекционизам, економска злоупотреба“, рече Лин Џијан за време на редовната прес-конференција.

Тој додаде дека американските тарифи во име на реципроцитет всушност им служат на САД само на сметка на другите земји.

Минатата недела Трамп воведе 34 отсто од новите царини на кинескиот увоз, како дел од мерките што ги воведе на повеќето американски трговски партнери. Ова го зголеми вкупното ниво на царини за кинески стоки на 54 отсто, а Пекинг одговори со контрамерки.

Лин го пренасочи прашањето за потенцијалните преговори со САД на други кинески владини тела.

„Американската злоупотреба на царините ги лишува земјите, особено оние од глобалниот југ, од нивното право на развој“, рече Лин, наведувајќи ја зголемената нееднаквост меѓу богатите и сиромашните во секоја земја и посебното влијание на царините врз посиромашните земји.

Back to top button
Close