Кина ги осудува нападите врз цивилите на Западниот Брег и повикува на смирување на тензиите

 

– Кина денеска изрази загриженост поради израелските напади на окупираниот Западен Брег, нагласувајќи дека се противи на акции кои поттикнуваат тензии.

– Длабоко сме загрижени поради ескалацијата на Западниот Брег. Кина се противи на акции кои поттикнуваат тензии и ги осудува сите напади врз цивилите, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, одговарајќи на прашање од новинарите на Анадолија за време на прес-конференција во Пекинг.

Портпаролот ги повика сите страни да останат смирени и да покажат воздржаност, како и да спречат понатамошна ескалација и влошување на ситуацијата.

Тој додаде дека Кина внимателно ја следи моменталната ситуација во палестинско-израелскиот конфликт.

Израелската армија вчера започна голема воена операција на северниот дел на Западниот Брег, најголема во последните две децении, убивајќи најмалку 17 Палестинци, објави палестинската новинска агенција „Вафа“

Back to top button
Close