Кинескиот премиер нагласи дека американските компании се добредојдени во Кина
Американските компании се поканети да ги искористат можностите во Кина и да го прошират и зајакнат своето присуство на кинескиот пазар, изјави денеска кинескиот премиер Ли Чијанг за време на средба со делегација на Американско-кинескиот деловен совет во Пекинг.
Ли Чијанг нагласи дека Кина е подготвена активно да одговори на легитимните загрижености на компаниите кои воспоставуваат бизнис во земјата и рече дека се надева оти Вашингтон, за возврат, ќе преземе конкретни чекори за да ги ублажи кинеските стравувања, јавија кинеските медиуми.
Со оглед на обемот на економската и трговската соработка меѓу Кина и САД, „нормално е дека може да се појават некои разлики и несогласувања“, рече Ли.
– Сè додека двете страни се почитуваат и разбираат и ја зајакнуваат комуникацијата и консултациите, решенија секогаш можат да се најдат – нагласи кинескиот премиер.






