Кипарскиот владин сервер вон функција поради поплава

Сите владини сајтови на Кипар, како и целиот сервер од вчера попладне не функционираат, поради поплава во Министерството за финансии каде што се сместени просториите со серверите кои обезбедуваат пристап до интернет за целиот владин центар, односно за сите услуги на државата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според кипарските медиуми поради дефект на цевка имало истекување од еден од големите резервоари за вода на Министерството за финансии лоциран во подрумот и во непосредна близина на просторијата со серверите.

Од владиниот ИТ сектор соопштија дека била предизвикана штета на опремата и прават максимални напори за решавање на проблемот.

Back to top button
Close