Кит Келог: Украина нема да влезе во
Украина нема да влезе во НАТО, а има други можности кои би можеле да се спроведат, изјави денеска специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог.
– „Бевме многу јасни: НАТО е нe e на маса за разговори. Вие нема да бидете дел од него“, рече тој за Фокс њуз. „Зборуваме за тоа од 2008 година кога амбасадорот Барнс и кажа на Кондолиза Рајс дека ова е преголем мост“.
„Но, постојат решенија. Постојат решенија што можете да ги направите и решенија што би биле корисни. .. Следната недела во Лондон треба да имаме прилично добри резултати“
Келог оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп бил активен повеќе за 90 дена за да ја реши војната во Украина отколку што било направено во претходните 900 или повеќе дена, наведувајќи дека Трамп има добро решение за конфликтот.
Едно од тие решенија е договорот за минералите, рече Келог.
Тој оцени дека Трамп е на добар пат прво да воспостави прекин на огнот во Украина, што би се претворил во подолг мировен договор.
Во истото интервју, Келог појасни дека следната недела американски претставници ќе отпатуваат во Лондон за можно решавање на прашањето за прекин на огнот во Украина.