Кличко: Зеленски плаќа за грешките што ги направи!

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го нападна претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за швајцарски „20 Minuten“.

„Луѓето прашуваат зошто не бевме подобро подготвени за оваа војна, зошто Зеленски до крај негираше дека ќе дојде до ова. Имаше премногу информации кои не кореспондираат со реалноста“ рече 52-годишниот поранешен светски шампион во бокс, обвинувајќи го украинскиот претседател за „грешки“.

Тој повика на искреност во однос на вистинската ситуација во Украина по руската инвазија.

„Зеленски плаќа за грешките што ги направи“, рече Кличко.

„Се разбира дека можеме еуфорично да ги лажеме нашите луѓе и нашите партнери, но не можете да го правите тоа засекогаш, рече тој, притоа нудејќи му јасна поддршка на началникот на украинскиот Генералштаб, генерал Валериј Залужни, кој предизвика критики пред еден месец кога тој рече дека војната влегла во ќор-сокак.

„Тој ја кажа вистината“ рече Кличко во интервјуто.

Тој се изјасни против политичката игра што се игра во Украина.

„Не треба да има внатрешен конфликт во земја која се бори за своето постоење и поради таа причина тој одбиваше да зборува за неговите лични планови и му изразуваше поддршка на Зеленски“, рече тој и подвлече:

„Претседателот има важна функција денес и ние треба да го поддржуваме до крајот на војната. Но, кога војната ќе заврши, секој политичар ќе мора да одговара за своите успеси и грешки“.

Back to top button
Close