Книжевен фестивал „Друга приказна“ во Културниот центар „Јадро“
„Друга приказна“ е насловен книжевниот фестивал кој од денеска до 6 септември ќе се одржува во Културниот центар „Јадро“ во организација на книгоиздателството „Темплум“.

Во трите фестивалски денови се предвидени десетина програмски содржини: изложба и промоција на списанието „Маргина“, три предавања, два разговори како дел од форматот „Помеѓу двајца (цел еден свет)“, два разговора во рамките на читачкиот клуб „Одрадек“, неколку книжевни настапи на гостите и музички концерт.
Организаторот соопшти дека лауреат годинава е хрватскиот писател Роберт Перишиќ, кому ќе му биде доделена главната награда на фестивалот.
-Настаните ќе се одвиваат секој ден, од петок до недела, од 18 до 22 часот. Ќе учествуваат луѓе од нашата земја и од регионот. Преку ден граѓаните по намалени цени ќе можат да купуваат книги од книгоиздателството „Темплум“, кое го организира фестивалот „Друга приказна“, се наведува во соопштението.






