Кога будала ќе ти ја отвори вратата!
Трамп на едночасовната прес-конференција во Мар-а-Лаго, зборувал за „Зората на златното доба на Америка“, во рамките на која „Америка на прво место“ и „повторно Америка да ја направиме голема“. Зборувал за територијално најголема Америка на цел свет.
Како реакција на глупостите на Путин, Трамп се чини дека сака да ја прецрта картата на западната хемисфера и да ја направи Америка многу поголема без да испука ниеден куршум. Понекогаш среќата доаѓа низ вратата за која не знаеш дека некоја будала ти ја отворила. Доколку се оствари таквата желба на Трамп, неговата „Голема Америка“ би имала површина од 21.984.276 квадратни километри, со Канада и Гренланд. А тоа веќе не е само сон! Светот повеќе не е ист како пред Путин да ја нападне Украина.
САД долго време инсистираа на купување на Гренланд од Данска: „Тие треба да се откажат од гренланд оти ни треба за националната безбедност. Тоа е за слободниот свет. Зборувам за заштита на слободниот свет“ – кажа Трамп. Зборувал за преземање и на Панамскиот канал од Панама оти: „Го дадовме Панамскиот канал на Панама. Не и го дадовме на Кина, а тие го злоупотребија“.
Гренланд е огромна земја-oстров, територијално скоро 50 пати поголема од државата мајка Данска, која над 200 години управува со таков џин, што има само 56.000 жители (колку едeн мал град). За скоро време во Гренланд ќе има референдум за осамостојување од Данска. По изјавата на Трамп, гренландскиот премиер Муте Егеде, реагирал одбивачки, но по два дена се премисли и рече дека Гренланд е „отворена за поблиски врски со САД“. Бројни сондажи покажуваат дека мнозинстото жители на Гренланд би сакале да станат Американци. Така што, не е голем проблем островот по демократски пат да се приклучи кон САД, туку отворање проблеми со ептен својот блискит сојузник – Данска. Рака на срце, за време Втора светска војна Данска самоволно и го даде Гренланд на САД за воено управување, оти самата била окупирана од Германија. Од тогаш, во Гренланд постои силна америкaнска воена база.
„Помислете на Гренланд како отворена врата од фрижидерот или термостат за глобално светско затоплување, а тоа е регион што се загрева четири пати побрзо од остатокот од светот“ – вели климатскиот научник Дејвид Холанд од Универзитетот во Њујорк. Таму има ретки минерали со огромна вредност за телекомуникациите, како и многу ураниум, тешки милијарди неискористени барели нафта и огромни количини природен гас. Се верува дека најголемиот остров на светот има 25 од 34 ретки минерали потребни за зелена транзиција кон чиста енергија. Башка што таму има толкав мраз, кој ако се стопи, нивото на морето би се подигнал плус 7,4 метри што како сценарио за холивудски филм за катастрофа, трајно би поплавиле над 60 отсто од приморските градови низ светот – вели Ерик Рињот од Универзитетот во Калифорнија. Изледа и Данците веќе стана свесни дека не можат понатаму да управуваат со таков опасен џин 50 пати поголем од патронот.
Втората поента од тој прес на Трамп е спојување на Канада кон САД како нејзина 51 држава. И тука Трамп широкоградно би го кандидирал хокеј-великанот Вејн Грецки за гувернер на Канада и така „Канада би била субвенционирана во износ од околу 200 милијарди долари годишно, плус многу други работи. А тие во основа немаат војска. Тие имаат многу мала војска. Тие се потпираат на нашата војска“ – кажа Трамп.
Но, таа работа воопшто не е лесна оти Канада како втора држава во светот по територија, самата има федерално уредување, а башка што формалноправно е уставна монархија (Кралот Чарлс III е формален нејзин монарк – шеф на државата). Потоа левата опција таму ја предови владата. Многу нации внатре, а на тоа најмногу би се спротиставила франкофонската провинција Квебек. Канаѓаните се навикнати на нивната „повеќебојна“ конструкција и така создале нивна нација и не прифаќаат да им се расипе раатот. Тука идејата на Трамп е или гол маркетинг или голо мајтапење! Но, сепак треба да се има предвид брзината на уривање на постојниот светски поредок. Сега е можно и тоа што било незамисливо до само пред три години. Сега границата помеѓу лудоста и генијалноста е тотално замаглена.
Поинаку, Канада трговски е тесно поврзана со САД, оти околу 80 отсто од нејзината трговија се одвива со единствениот сосед – САД, согласно спогодбата НАФТА (North American Free Trade Agreement – Северно-американска спогодбата за слободна трговија), кај што членува и Мексико. Американците и Канаѓаните патуваат од една во друга држава без патана исправа. Дури околу 3/4 од населението на Канада живее во појасот од 150 км од границата со САД, што е императив за трајно поврзување.
Што се однесува до Панамскиот канал, тој бил отворен од Американците 1903 година по повеќегодишна напорна работа, со многу пари и со многу жртви од болеста Маларија. Претходно почнале французите на нивната компанија за неколку години банкротирала. Бидејќи тогаш односите меѓу САД и Панама биле ептен пријателски (оти САД помогнале таа да се осамостои од Боливија), Панама го даде на САД каналот на трајно управување. Така остана додека претседателот на САД Џими Картер го отстапи на Панама, со обврска каналот да остане трајно неутрален за општа пловидба. Но, сега Панама склучила договор со Кина за концесионирање на одделни услуги, што и дава за право на САД да констатира дека е прекршен договорот и по можност да тргне кон преземање на менаџирањето со каналот. Но, ако не работите да го добиете тоа што го сакате, ќе ве натерат да го сакаат тоа што ќе го добиете. Поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Роберт О’Брајан вели: „Ги сакаме Панамците. Тие се добри луѓе. Тие се пријатели на Америка. Сепак, тие им ги дадоа пристаништата на двата краја на каналот на Кинезите! Го изградивме, плативме за него и го управувавме многу години. А потоа, во чин на дарежливост, што веројатно беше глупаво, Џими Картер им го врати каналот на Панамците. Тоа беше бесплатен подарок“ – кажа тој.
Претседателот на Панама Хосе Мулино одлучно го одби барањето на Трамп за враќање на американското управување над Панамскиот канал. Тоа за суетниот Трамп тешко е подносливо. Времето, и тоа скорашното ќе покаже што ќе се случи со каналот. Државниот секретар за одбрана на САД вече изјави дека ќе се воспостави мир со помош на силата!
Дека работата е ептен сериозна, Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, за првпат сослушувајќи го комисиите за надворешни работи и одбрана на Европскиот парламент, изјави дека Европа не може да си дозволи да се одвои од САД во областа на одбраната. Руте им рече на европратениците дека, во моментов, САД плаќаат околу 60 отсто од сите трошоци на НАТО, а без Соединетите држави, Европејците ќе треба да ги зголемат трошоците за одбраната за четири пати.
Тоа со Мексиканскиот залив не е ништо посебно освен името, иако заливот двојно повеќе е врзан за амрикансканскиот брег отколку за меаксиканскиот. Тоа во суштина ништо не менува оти тука важаат правилата од Конвенцијата за правото на морето (1982), која прецизно дефинира што е територијално море, што е епиконтинентален појас, што е отворено море итн. Оттука, не е никаков проблем секоја од двете држави заливот да го нарекува како што сака, но суштински тоа не менува ништо.
Која е пораката за се ова?
Едни аналитичари се на мнение дека сето тоа што се пласира токму сега пред да почнат преговорите за Украина (а кои Трамп нели би ги завршил за 24 часа), има за цел Трамп да ја задоволи својата јавност дека иако немаме можност да ја повратиме целата окупирана украинска територија, сепак токму поради рука глупост ние ќе добиеме над 1.000 пати повеќе територија без војна, отколу што доби Путин со тригодишна крвава војна. Впрочем, на секој добро познавач е сосема јасно дека Путин не ја започна војната за територии, оти русија и така не знае што со својата територија која над 50 отсто е сосема ненаселена, а за која кинезите сонуваат и секој ден потајно се молат на Господ за да ја присвојат. Тоа веројатно ќе биде наредниот светски цунами што ќе се случи кон средината на векот.
Други се на мнение дека на Трамп му е многу драго што се најде друг „будала“ или виновник за уривање на постојниот светски поредок кој веќе е надминат, работа која потајно го посакувале и самите САД! „Изгледа дека човештвото го ослободи злото од модерната Пандорина кутија“ – изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. За нередниот светски поредок, ако воопшто се прави, нема повеќе толку примарни да бидат мирот, соработката, напредокот и човековите права, туку ресурсите по секоја цена, технологијата, еконосмката супремација, ретките минерали, контрола на меѓународните пловни кaналите, теснеците, пазарите, геополитиката итн. Неслучајно кинезите први почна со „Roud and Belt“!
Како и да е, целиот свет сега наликува во несреќната 1939 година, после која светот платил многу скапа цена. Стотина милиони убиени тројно повеќе инвалидизирани, растурени семејства и домови, сиромаштија! Затоа да престанеме да се милкуваме на болните популисти какви што се Орбан кој веќе 15 години не се симнува од власт уништувејќи ги темелите на демократијата. Унгарците како да сфаќаат дека не можеш да победиш будала кој никогаш не се откажува. Од него се импресионирани бројни болни десничари автократи на кои идол им е левичарот Путин. Такви се Виктор Орбан, Роберт Фицо, Херберт Кикл, Александар Вучиќ итн. Сепак, „клучната точка“ на се помоќните автократски струи во Европа е Унгарија под водство на Виктор Орбан. Орбан долго време ја презеде улогата на главен агент на руското влијание во ЕУ. Тој често патувал во Москва како самопрогласен мировен пратеник кај Путин, а со вето ја блокирај помошта на ЕУ за Украина.
Кај многу политичари, човечката меморија за сеќавање на злото од минатото е помалку развиена отколку кај животните. Европа веќе почна да делува без компас, на залет се разни популисти со мрачни идеи и цели. Совеста кај бројни луѓе стана како некоја сенка, која те прати додека има сонце, а штом се стемнува бега од тебе! Дојдовме и до приватни сателити. А тие што имаат праватни сателити посакуваат да имат и приватен народ и приватен свет! Oд такви и слични животот ни стана или казна или подарок на судбината!
Мерсел Биљали