Колку требе да бидеш забеган да тврдиш таква глупост.Заев го демантира Груевски дека гради кула во Дубаи

Поранешниот премиер Никола Груевски вели дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над 600 милиони евра.

„Тој веројатно во моментот е многу горд на себе во овие денови кога според информациите започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи, инвестиција од над 600 милиони евра.

Најголем дел од парите за оваа инвестиција се проневерени преку масовниот рекет како никогаш во постоењето на Македонија и со злоупотребата на власта во времето на неговото владење, пари во готовина и потоа пренесени со приватен авион во Дубаи и ставени на банкарска сметка.

Истовремено се подготвува и за нова голема инвестиција во една друга земја во Азија, охрабрен од помислата дека ги решил сите прашања за негова неказнивост по сите можни основи. Но, овој лажен верник, зол и алчен за пари човек, треба да знае дека носи на душа многу луѓе“, напиша Груевски на Фејсбук.

Во изјава за „Слободен печат“, Заев ги демантираше овие тврдења на Груевски.

-Колку треба човек да е забеган во умот да кажува и тврди вакви глупости. Суетните само чекаат да се фатат на вакви будалаштини за да си ја залечат суетата. Заеви вработуваат преку 1.000 луѓе во Македонија.

Така било пред да бидам во политиката, така било додека сум бил во политиката, така е и сега после повеќе од 3 години како трајно сум заминат од политика. Не градам никаква кула во Дубаи, тоа е целосна невистина – рече тој

Back to top button
Close