Конвенција за Силјановска-Давкова, промотивен митинг за Таравари

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје ќе одржи конвенција за избор на кандидат за претседател на државата, за која функција на партискиот повик се пријави професорката И пратеничка Гордана Силјановска-Давкова.

 

Официјалниот дел на конвенцијата, што ќе се одржи во Филхармонија, е најавен за 13 часот.

„По завршување на работата на работното претседателство согласно предвидениот дневен ред, обраќање ќе има кандидатот за претседател, по што ќе следи двочасовна пауза за гласање. По утврдување на изборот обраќање ќе има повторно веќе избраниот кандидат на конвенцијата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“соопштија од партијата.

Од опозициската коалиција „Вреди“ за вечерва со почеток од 19 часот најавуваат промотивен митинг на Арбен Таравари во Гостивар.

СДСМ, пак, утре ќе одржи конгрес на кој треба да се официјализира поддршката за актуелниот претседател Стево Пендаровски кој вчера најави дека ќе се кандидидира за втор мандат.

И Силјановска – Давкова и Пендаровски поддршка за кандидатурите ќе побараат и со собирање граѓански потписи од утре.

Рокот за собирање на потписите истекува на 8 март – на полноќ.

Потребните 10 000 потписи од граѓаните веќе ги собраа лидерите на ЗНАМ Максим Димитриевски, актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи кој е кандидат на ДУИ, кандидатот и претседател на ГРОМ Стевче Јакимовски, Арбен Таравари, кандидат на коалицијата на албанските партии „Вреди“ и Билјана Ванковска, кандидат на Левица.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај, за кога се закажани и паралементарните избори.

Back to top button
Close