Конзервативна инфлуенсерка тврди дека има тајно дете со Илон Маск
Американската конзервативна инфлуенсерка Ешли Сент Клер откри дека имала врска со Илон Маск и дека пред пет месеци, му родила дете во тајност. Според неа, врската им започнала преку пораки на неговата платформата „Х“:
„Маск беше многу смешен. Паметен. Многу приземјен. Започнавме со интеракции на „X“, а потоа ми испрати порака. Мислам дека тоа беше некој вид мем“, рече Ешли.
На платформата „Х“, таа во објава рече дека ѝ било кажано да ја чува бременоста во тајност:
„Ми рекоа да не кажувам никому. Тие побараа тоа засекогаш да остане тајна“, не давајќи доказ дека таткото е навистина Маск. Милијардерот уште не ја искоментирал оваа вест. Но, адвокатот на Сент Клер, Брајан Гликлич, потврди дека таа и Маск приватно работеле на договор за заедничко родителство. Маск инсистирал да го нема неговото име во изводот на родените за да се зачува приватноста и безбедноста.
Alea Iacta Est pic.twitter.com/gvVaFNTGqn
— Ashley St. Clair (@stclairashley) February 15, 2025
Сент Клер вели и дека Маск ѝ купил луксузен стан во богатиот кварт во Њујорк – локација каде кирија за двособен стан може да биде и 40.000 долари.
Сега кога тајната е откриена, Сент Клер се надева дека Маск јавно ќе го признае детето. Ешли Сент Клер е позната по нејзиниот конзервативен активизам. Таа претходно работела за сатиричната веб-страница „Бабилон Би“, напишала детска книга со тема против вакцини и има контакти со концервативци како Трамо и Пател.