Координирана вандалска акција? За една вечер запалени десетина контејнери низ Скопје


Десетина контејнери се запалени вечерва на булеварот “Партизански одреди” во Скопје во вандалска акција која личи на координирана активност.

За два часа противпожарната бригада на Град Скопје добила пет повици за запалени контејнери, реагирано е и сите се изгаснати.

За оваа појава е известена и полицијата, велат од противпожарната бригада.

Back to top button
Close