Костадинов: Да не ви паднало на памет да ги запалите, знам дека ме следите сите!


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска на социјалните мрежи ги предупреди сограѓаните да не им паднало на памет да запалат кабли.

„Да не ви паднало на памет да ги запалите! Ова е фотографија од загрижени граѓани пријава за дел од улица Антон Панов. Знам дека ме следите сите, ова ќе биде и пријавено во СВР Струмица и може да има сериозни, многу сериозни последици по сите. Го намаливме загадувањето за 50% во однос на минатата година, со многу труд, многу напор, многу инвестирани народни пари. Прва општина на Балкан со целосно електричен јавен превоз и нема да дозволам никој да ни го труе градот! Повикувам сите надлежни институции да постапат веднаш!“, порача Костадинов.

Back to top button
Close