Крај на една ера – Индија ја надминува Кина по бројот на население

Според последните пресметки на Обединетите нации во наредните денови Индија ќе има повеќе луѓе од Кина, што ќе означи историска промена во глобалната демографија

Поголемиот дел од актуелната светска популација порасна со сознанието дека Кина е најнаселената земја во светот. Но, децениски долгите рестриктивни политики кои ги ограничуваат семејствата на едно дете драматично ја забавија стапката на наталитет во Кина, дозволувајќи и на Индија да напредува.

Пред неколку години индискиот премиерот Нарендра Моди изрази загриженост за „експлозијата на населението“ во неговата земја и ги пофали семејствата кои внимателно го планираат своето потомство и влијанието што тоа ќе го има врз државата.

Како Индија стана толку голема?

Во анализата на Си-ен-ен клучен фактор, секако, е плодноста како услов од кој зависи порастот или падот на населението на една земја. Општо прифатено е дека просечната стапка на фертилитет во една земја – што значи број на новороденчиња по жена – мора да биде 2,1 за населението да се одржи – а уште повеќе за да расте.

Во 1960-тите, кога денешните баби и дедовци создаваа деца, стапката на фертилитет во Индија бил 6, приближно иста стапка како кај некои африкански земји во моментот.

Но, според идниската влада вкупната стапка на фертилитет во земјата паднала на 2 во последниот период од 2019 до 2021 година. Таа стапка била 3,4 на почетокот на 1990-тите. Порастот на населението и покрај падот на стапката на плодност може да се објасни со „демографски моментум.”

„Кога стапката на фертилитет опаѓа, населението продолжува да расте неколку децении. А тоа е затоа што помладите, големи групи сè уште растат во таа возраст кога ќе станат родители“вели Френк Свиазни, од Федералниот институт за истражување на населението.

Тоа значи дека дури и со намалена стапка на плодност под 2 проценти, популацијата во Индија ќе продолжи бавно да расте поради значителниот број жени кои влегуваат во нивните репродуктивни години.

 

Back to top button
Close