Кривична пријава против лице од Шишево за загрозување на животната средина

Кривична пријава против жител на село Шишево, сопственик на фирма, е поднесена поради основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.
Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека Ј.С. како сопственик на фирма во периодот кон крајот на мај и почетокот на јуни 2020 година организирал транспорт на повеќе поврзани пратки на отпад (градежен шут и смет) од Инфективната болница при Клиничкоти центар „Мајка Тереза“ во Скопје до локација на втора заштитна зона на бунарското подрачје „Нерези Лепенец” во општина Карпош.

– Тој отпад заедно со веќе постоечкиот затекнат на дивата нелегална депонија, спротивно на прописите за заштита на животната средина и спротивно на прописите и одредбите од Елаборатот-Експертизата за заштита на бунарската зона „Нерези-Лепенец” и без поседување на дозвола, бил закопан под површината на земјата, со што го сторил кривичното дело, информираат од МВР.

Back to top button
Close