Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, пијан ги нападнал полицајците

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците.

-Кривична против е поднесена против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста- информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Додаде дека А.Љ. на 29. минатиот месец во 23 часот, на улицата „ Зеќир Чанка“ во Дебар бил лишен од слобода затоа што управувајќи моторно возило „поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и избегал, а потоа физички нападнал полициски службеници.

Откако е лишен од слобода, утврдено е дека немал положено возачки испит и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,75 промили алкохол во крвта.

Back to top button
Close