Кривична пријава за фалсификување сертификат за познавање странски јазик
ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.М.(40) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.
Пријавениот, директор на основно училиште во струшкото село Подгорци, набавил лажен сертификат за положен англиски јазик од филијала лоцирана во една соседна земја и го употребил во прилог на документи за избор на директор. По извршени проверки, добиен е одговор дека лицето не е регистриран во базата на податоци и евиденции во филијалата.