Кривична пријава за пратеник од СДСМ, тој обвинува за политички притисоци

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против пратеникот Борче Цветков од СДСМ, кого го товари дека ја злоупотребил службената положба и овластување додека бил директор на струмичкиот затвор.

Цветков пак вели дека за кривичната дознал од медиумите и оти никој не го повикал на распит. На случајот гледа како на политички притисок, со оглед на тоа што е пратеник и претседател на општинската организација на СДСМ во Струмица.

Back to top button
Close