Кривична за 83-годишник од Струга – со пушка го убил кучето на соседот
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83) од струшкото село Мислешево, кој минатиот месец го уби загарот на неговиот сосед.
Тој ќе одговара за предизвикување општа опасност.
„На 02.11.2024, тој со ловечка пушка, која ја поседувал со дозвола, пукал кон ловечко куче, сопственост на Д.П. од истото село и го усмртил“, велат од полицијата.
За кривичното дело за кое е осомничен пензионерот од Мислешево, предвидена е казна затвор од 6 месеци до 5 години