Крвава пресметка пред општинската зграда-вработен во Општина Бутел прободен со нож од неговиот брат

Вработен во Општина Бутел, утрово во непосредна близина на општинската зграда бил прободен со нож, по што е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Според информациите кои ги пренесе „360 степени“, станува збор за Ацо Тасевски, познат како Ацо Комета, кој работи како инспектор во Општината.

Ваков инцидент регистрирало и Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде ги соопштуваат само иницијалите на инволвираните.

„Во 07:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во непосредна близина на општина Бутел, вработен во општината А.Т. (53) од Скопје е прободен со остар предмет од страна на неговиот брат Љ. Т. (52) од Скопје. Полициски службеници излегле на лице место и Љ.Т. е приведен, а А.Т. со возило на Итната медицинаска помош е пренесен во Ургентен центар-Скопје – велат од МВР.

 

Полицијата работи на расчистување на случајот и засега нема информации за причините за нападот, а според нашите информации сè уште се земаат изјави од дел од вработените во Општината и очевидци.

Извори од локалната самоуправа, пак, тврдат дека инцидентот не е поврзан со работата на Општината односно дека станувало збор за приватни недоразбирања помеѓу двајцата браќа.

Back to top button
Close