Куомо: Масовните собири може да ја загрозат борбата против коронавирусот

– Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо денеска изрази загриженост дека масовните протести во Њујорк поради смртта на Џорџ Флојд може да ја загрозат долгата и тешка борба за сузбивање на пандемијата на коронавирусот.

– Вклучете го телевизорот и видете ги овие масовни собири кои можат потенцијално да заразат стотици и стотици луѓе по сè што направивме, рече Куомо на прес-конференција.

Тој предупреди дека луѓето треба да се запрашаат што прават.

Гувернерот на Њујорк се согласува со демонстрантите кои се борат против расизмот и социјалната нееднаквост, но тој е фрустриран поради можното компромитирање на социјалните и економските жртви направени во периодот од повеќе од два месеци.

Иако многу демонстранти се млади, тие можат да го пренесат вирусот на нивните мајки, татковци, баби и дедовци, рече Куомо.

Back to top button
Close