Купил момче за 900 евра, па го терал да проси: Маж од Албанија уапсен во Грција поради трговија со луѓе

Грчката полиција уапси 56-годишен граѓанин на Албанија кој е осомничен дека купил осумгодишно дете и го принудил да проси во Атина. Апсењето доаѓа откако грчките власти добиле меѓународна потерница за мажот, кој според меѓународните институции бил на нивна тероторија, а е претходно осуден за трговија со луѓе.

Кога полиција добила дојава дека се наоѓа на територијата на нивната земја, веднаш ги алармирала службите да го лоцираат. Набрзо бил пронајден и уапсен во Патисија.

„При апсењето не пружил отпор“, соопшти полицијата, пренесува грчка „Прототема“.

Полициски извори наведуваат дека 56-годишникот е обвинет дека купил дете од сиромашно семејство во Албанија, поточно во Тирана. Се наведува дека платил 100.000 албански леки или околу 900 евра.

Потоа, незаконски и со употреба на сила, го превезол осумгодишното момче во Атина, каде го принудил да проси во централните делови на главниот град, за да му врачи пари.

Веќе се започнати постапки за екстрадиција на уапсениот во Албанија. Сепак, грчките власти се уште не знаат што се случило со 8-годишното дете.

Back to top button
Close