Курти на испит ни ја стави куртулвачката!?

Веле Митаноски

Колку и да ни изгледа чудно и противречно:Приштина одработи за Москва!

Со враќањето (понижувањето!) на патријархот на СПЦ, Порфирие од граничниот премин на српско – косовската граница, односно административната линија (кој како милува!), Арбен Курти направи голема, ајде да кажеме – стратешка, само да не биде непоправлива, грешка.

Неговата, државничка намера, најверојатно, била да покаже дека “правната држава Косово” функционира на целата нејзина територија, но и да ја  докаже омилената теза  дека “си има работа не само со српскиот национализам, туку и со православниот фундаментализам!”, мислејќи на покровителството од страна на Руската православна црква, но и на официјална Москва.

Дури и да е така, Курти не смееше да прави тестови со српскиот Патријарх. Кој и да го советувал, не верувам Западот, Курти си пукаше во сопствената нога. Загази на теренот на непочитување на човековите права и слободи, за што тешко ќе добие поддршка од Западот, особено не јавна, а премолчената, во овој момент, не му врши работа.

Едноставно, Курти сработи за Москва!

Курти, под притисокот на времето и лесно ветената брзина, не води доволно сметка за поширокиот балкански, европски и мегународен контекст. Курти не е сам на Балканот  како играч. Тој не води доволно сметка дека, во воен конфлект го турка целиот Балкан. Незамисливо е да се отвори поголем воен судир на Косово, а во него да не бидат вклучени Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина…

Секако и Русија, на свој начин, затоа што на одмерувањето на силите на Ксово, со најдолго испружени раце над огнот  што се потпалува, се грее Москва. Преку своите инсралации, пред се, во Црна Гора, каде политичките сили се во фронт за тоа кој поглед ќе превагне во земјата-оној кон Брисел, или оној кон Москва. И тоа со актуелен премиер, колку и да е технички, Албанец.

Свесно, или несвесно, Курти игра на картата на Москва. Токму на она што тој мисли дека го спречува и уништува.

Патријархот Порфирие, е последниот кон кој Курти треба да “тренира строгоќа”. Тој ја прели чашата со ово потег. Неговата формулација и верување за “православен фундаментализам” е погрешна. Ако кажеше, на пример, сентимент, тоа е друга работа. Тоа постои, во сите земји на опкружувањето на Косово, па дури и во неговата земја-матица, Албанија.

Не ги знам поблиските определувања на раководството во Тирана, пред се, на Еди Рама, но тој, сепак ми личи на европејски определ човек и воспитаник. Но, како поранешен известувач од Тирана, добро ги знам определувањата на обичниот граѓаин во Албанија. Таму, за разлика од Македонија, има и не мала доза анти-косовски сентимент.

Еве, како?  Ако хотелиерот, и ресторанџијата се поставени во позиција да бираат помегу гостин од Македонија, сеедно дали е етнички Македонец, или Албанец, од една, односно Албанец од Косово, ќе се определат за оној од Македонија. Во ресторан, и за Србинот. Ако ништо друго, затоа што е тој поголем трошаџија.

Заситени од политичарите, лугето на терен стануваа се попрактични. Нема сомнение дека после првите извештаи за загинати Албанци на Косово, први ќе  поитаат Албанците од Македонија, оние од Прешевската долина, па дури потоа останатите.

Не е последен, секако, дека е прв факторот НАТО, заедно со КВОР и ЕУЛЕХ на Косово. Многу што зависи од нив и да не беа тие одавна ѓаволот ќе ја однесеше шегата. Но, Курти треба да знае дека Американците нема повеќе “беспоговорно да гинат за Косоварите” (изјава на поранешен американски амбасадир на Косово), дека контингентот на Косово, и колку да е застрашувачки, нема да биде доволен да ја одврати големата наезда од север (недај Боже!) и дека се ќе се превори во долготрајно мегусебно уништување, веќе видено во Украина.

Уште од првиот момент, кога Русија ја изврши наездата врз Украина, напишав и останувам на тоа: ниту Украина е земја штo може да се покори во еден тридневен блиц криг, ниту Русија е земја што може да [i]совлада и плорази, како што глаголи Зеленски.

Истото сценарио ќе биде и на Косово. Само што ќе биде пожестоко, покрваво, на помал простор. И одвнатре и однадвор.

Курти со постапката со Поглаварот, во таборот на Вучиќ ги турна и последните Срби со здраворазумски  размислувања, затоа што им брцна во окото, против човекот кој, барем јавно, проповеда мир и разбирање, не се стеснува на Албанците да им се обрати со – браќа Албанци.

Курти треба да знае дека фундаментализмот, во пој случај, е празен збор, а православниот сентимент е суштина. Суштина која може да го погоди дури и од Атина, која, после ова тешко дека во Брисел ќе заастане на страната на земјите кои ќе го поддржат европскиот пат на Приштина.

А, не дај Боже, рушење на манастор во Дечани! Тоа  е исто што и ракетирање на владината палата во Приштина. Ние влегуваме во 2023 година и секакво споредување со  98 – та и 99 – та, за Курти може да испадне како “надевање лудо радовање”. Тоа на Курти ден поскоро гтреба да му кажат западните покровители, Еди Рама, нашиот Али Ахмети…

Да му кажат дека е подобро илјадa денови да се преговара, а ниту еден ден да не се војува.

 

Back to top button
Close