Курти: Неподносливи невистини од Брнабиќ за српските злосторства во Косово

Косовскиот премиер, Албин Курти ги нарече „неподнсливи невистини” тврдењата на неговата српска колешка, Ана Брнабиќ која го негира српскиот геноцид во Косово и бројкта на убиени Албанци од страна на српските сили во војната во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реагирајќи на изјавата на Брнабиќ, дадена на прес-конеренција на Преспанскиот форум во Охрид, дека во Косово немало геноцид и дека е „манипулација со бројки” информацијата дека во војната биле убиени над илјада деца и извршени повеќе од 20 илјади силувања, Курти денеска потсети дека на српска територија досега се ексхумирани телата на 950 косовски Албанци, додека уште околу 1.600 лица сé уште се водат како исчезнати од војната.

– То што го рече таа (Брнабиќ) претставува минимализирање, деформирање и неподнослива невистина. Само во Батајница се ексхумирани 744 Албанци, само во една масовна гробница. Во Србија досега вкупно се ексхумирани 950 Албанци, рече Курти на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека на локацијата во близина на Белград, каде што е откриена досега најголемата масовна гробница со убиени Албанци од последната војна во Косово, денес има воено-полициски стрелачки полигон, додека српскиот претседател, Алексанадар Вучиќ пред извесно време на истото место свечено прими оружје од Русија и Кина.

– Во Батајница денес има стрелачки полигон на војската и полицијата на Србија, нема ниту една спомен плоча која ќе обележи дека таму се ексхумирани 744 тела од Косово, на луѓе кои се убиени во Косово, погребани во Косово, потоа се ексхумирани и погребани во Србија и повторно ексхумирани и погребани. Дотолку повеќе, српскиот претседател на истиот полигон свечено го прими оружјето од Русија и Кина, рече Курти.

За, според него, тенденцијата на српската премиерка Брнабиќ “да ги минимизира српските злосторства”, косовскиот премиер рече дека тоа е познато однесување на официјален Белград, имајќи го предвид негирањето и на геноцидот во Сребреница во Босна и Херцеговина.

– Станува збор за околу 20 илјади жени и девојки, но и момчиња и мажи кои беа силувани (во Косово) и има меѓународни организации кои го потврдуваат тоа. Сум забележал дека српската премиерка има тенденција да каже дека „се случиле злосторства, но многу малку”. Таа знае дека е неодбранлива позицијата ако каже дека во Косово немало злосторства. Ова однесување на Белград сме го виделе и порано во однос на Босна, каде што ниту масакрот во Сребреница не го негираат, но велат дека не е точна бројката на убиени, рече Курти

Back to top button
Close