Курти со Дендиас – бара целосно спроведување на основниот договор и анексот

Косовскиот премиер Албин Курти на средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас побарал без одлагање и безусловно да се спроведат основниот договор за нормализација на односите со Белград и анексот за имплементација, јавуваат приштинските медиуми.

Курти и Денсиас се сретнаа на вториот ден од Економскиот форум во Делфи, а разговараа и за очекувањата од средбата меѓу Белград и Приштина на 2 мај во Брисел, која ќе се одржи со посредство на ЕУ, соопштија од кабинетот на Курти.

Се додава дека се разговарало и за резултатите и важноста од одржувањето на изборите во четири општини на северот на Косово и Метохија минатата недела, како и за натамошното подобрување на односите, особено економските, меѓу Грција и Косово.

Грција е една од петте членки на ЕУ кои не ја признаваат самопрогласената независност на Косово и се воздржаа на 24 април кога се гласаше на состанокот на Советот на министри на Советот на Европа за барањето на Приштина за членство во таа организација.

Back to top button
Close