Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните во локалната власт
Поминаа 2 години, половина од мандатот како локална власт на ДПМНЕ во над 40 општини.
Заклучок е: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати.
Безброј нереализирани избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ.
Згора на се, во голем дел од општините кои ги води ДПМНЕ зголемени се цените на давачките за комунални услуги, за данок на имот, што е директен удар врз џебот на граѓаните.
Да почнеме по ред со првите примери, големи општини раководени од ДПМНЕ.
Во Прилеп, ДПМНЕ за 300% го зголеми данокот на имот за граѓаните а прилепчани плаќаат повисоки сметки за 67%.
Не се реализирани проектите од програмата на градоначалникот, ги нема ветените нови градинки, катни гаражи, кружен тек.
Прилеп е во мрак и полн со ѓубре. Резултати нула!
Заклучок е: ДПМНЕ и Борче Јовчески ги изневерија прилепчани.
Во Битола е исто, не знаеш каде е полошо, нема проекти, нема резултати, а граѓаните плаќаат поголеми сметки.
ДПМНЕ и Коњановски ги покачија сметките за данок на имот за 300%. Удрија по џебот на граѓаните и со поскап паркинг, со укинато слободно паркирање.
Не се реализирани проектите од програмата кои им беа ветени на граѓаните. Нема ново училиште, нема спортски комплекс, ја нема реконструкцијата на Копанки.
Резултати нула!
Коњановски и ДПМНЕ ги изневерија битолчани.
Во Аеродром е дури и полошо, ниту едно изборно ветување не е реализирано, ниту еден капитален проекти, буквално ништо.
Ги нема ветените нови градинки, нова гимназија, ниту „зелено“ училиште.
Нема нови 100.000 m2 паркови и зеленило.
Нема нови 3.000 паркинг места, кружни текови, велосипедски, пешачки и трим патеки.
Веќе се потрошени над 30 милиони евра пари на граѓаните а не се реализира ништо.
Тимчо Муцунски и ДПМНЕ ги изневерија граѓаните на Аеродром. А Муцунски е и потпретседател на ДПМНЕ.
Во Штип идентично лошо, без никакви резултати а зголемени сметки за народот.
ДПМНЕ и Иван Јорданов ги покачија сметките за штипјани за 110% а поскап е и паркингот.
Не се реализирани ветувањата од програмата, го нема проектот за езеро и парк во населба Св.Недела. Нема нов Булевар Партизанска ниту обиколница до Ново Село.
Има нечисти улици, запуштени зелени површини, а често снемува и вода.
Јорданов и ДПМНЕ ги изневерија штипјани.
Општините под капата на ДПМНЕ наместо да се развиваат стагнираат.
ДПМНЕ не ја оправда довербата дадена на локалните избори. ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните.