Лагата со лага се избива?

Кога охриѓани ќе кажат риба, мислат на пастрмка.Кога битолчани ќе речат вода, мислат на пелистерка и на Цветан Панделески, нартурализиран охриганец, сега и скопјанец, од моја Дебрца. Кога пак, јас, ќе речам професор д-р Бранимир Несторовиќ, мислам на професор д-р Владо Бучкоски.

Овие двајца врсни интелектуалци знаат се, од политиката и науката до сексестиката!. Ги разликува само тоа што Бучкоски е по образование правник, и тоа римски, додека, Несторовиќ е лекар, педијатер, уште и алерголог и пнеумолог. Беше редовен професор на Медицинскиот факулктет во Белград.

Овие двајца врсни интелектуалци ги спојува и политиката.

Несторовиќ, во политиката влезе како критичар на Милошевиќ, учесник е во Петтоктомвриските настани и рушењето на вождот. Во таа револуција влезе како член на Српското движење за обнова, а излезе како член на Демократската странка. Минатата година, на парламенгарните избори, ја поддржа листата на Бошко Обрадовиќ од Двери, всушност, Патриотскиот блок за обнова на }Кралевина Србије.

Неговиот македонски пандан Бучкоски, прижељкујеподеднакво да е присутен на медиумите, но, рака на срце, нема толку партиски прелетувања како Несторовиќ.

Изникна во СДСМ од шинелот на Црвенкоски како портпарол и како едно од најголемите кадровски промашувања (вели лицето Б.Ц). Потоа, беше одбрамбен министер, во времето кога на Учките им се испорачуваа глинени гулаби за отстрел!” (единствен министер кој влегол во Овалниот кабинет во Белата куќа, најверојатно по препорака на Пигтер Фејт!), и, на крајот, премиер.

Б.Ц. тие моменти (откако ја остави партијата во обезглавено колективно тело, по примерот на Ј.Б.Тито !), конечно, виде со кого си има работа, поработи со Шема и Наташка, за Бела Рада, но веќе беше доцна. Се што можеше да стори, беше да ги испрати шемаџиите на изборниот конгрес во таборот кај Бучковистите, колку да не се сетат Власите.

Бучко како премиер, се покажа и докажа” (омилена фраза на лицето Б.Ц) со безброј афери, го надмина д-р Несторовиќ во слободниот живот, се ожени со млада и убава чиновничка од сопствениот Кабинет, направи подоста парица, колку еден просечен бизнисмен!”, те потоа, со парите на Минчо Јорданов поведе партија, во која Минчо, колку да се на збир Власите!”, му го додаде неизбежниот смешко, Зиков и на избори помина како кучетата на Василица!”}

Виде колку е саатот, ја свитка опашката и Леси се врати дома во СДСМ, нудејќи ги своите раскошни услуги, одавде до Софија! Партијата ја остави на чување на пријателот Земон, кој, во името на Бучкоски, постана коалициски партнер на СДСМ.

Прилично богато рашетување, достојно на неговиуоит српски пандан Несторовиќ!

Бучкоски и Несторовиќ шарлатанството ги обединува како експерти во својата област. Бучкоски, специјален пратеник во Софија, Несторовиќ специјален специјалист во Ант-ковид екипата на Вучиќ. На стартот на разгорувањето на пандемијата, која, северна Италија ја зави ви црно, на српските жени им порача: “Жене, слободно у шопинг у Италију, јер чујем да ће тамо сада бити велики попусти зато што нико жив сад неќе да иде тамо. Само припремите мужеве за то ментално!”.

Јер, није могао да верује да се народ који је преживео санкције, бомбардовање, свакојака чуда, сада се прибојава од нечега што само ма Фејсбуку постоји”!

Јаден Вучо, подоцна, иако беше присутен, глаголеше дека е лага тоа што го кажал Несторовиќ, те новинарите неговата анти-лага ја прогласија за лага на годината![

Но има нешто во кое се разликуваат, а можеби и се познаваат. Бучко беше воен министер, кога тоа во Србија беше Тадиќ.

Во едно свое интервју, д-р Несторовиќ, сега активе навививач во фан групата на Путин, ќе каже како то Јадни Македонци су послали тенкове у Украини, исте оне које им је даровао Путин!”.

Е неќе моќи, фраеру! Тука јас и Бучко не се согласуваме со тебе.Ти си морал да знеш дека Бучкоски е првиот македонски тенкист, кој овде ги доинесе расходуваните бугарски тенкови, толку употребливи!”, колку што подоцна ни денесе скапо платени делови, доволни до крајот на веков!

Значи, не добивме тенкови од твојата добра Русија, али затоа од твојата лоша Украина добивме авиони. Сухои. Тоа го стори Трајковски, со посредство на мојот соселанец, тогашен амбасадор во Киев, Блажески, а ние охриганите се оддолживме со гостопримство на тогашниоит украински претседател Кучма.

Авионите, додуша, последна генерација, ама, барем, го расцепија македонкото небо. Учките ги втераа во дувло, од каде Питер Фејт, кој со Бучко, ја водеа војната како децата на флипер!” (изјава на професр д -р Јордан Спасески, член на владиното Координативно тело, координирано од Фејт!), ги извлечка со автобуси и тоа климатизирани!

Од тука наваму и децата и врапчињата ја знаат приказната.

Веле Митаноски

 

 

Back to top button
Close