Лаутербах предупреди на нов „катастрофален“ бран на Ковид-19 во Германија без потребните мерки
Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах предупреди на нов „катастрофален“ бран на коронавирус во Германија, доколку не се договорат доволно мерки за борба против Ковид-19 пред есента.

Истовремено, како што истакна министерот, болен ќе биде и болничкиот персонал, што дополнително ќе го оптовари здравствениот систем.
– Тоа е како свеќа што гори на два краја, појасни Лаутербах.
Според него, јасно е дека се потребни мерки.
Министерот не сакаше да даде детали околу тоа какви ќе бидат мерките. Како што тој додаде, тоа е предмет на доверливи преговори со останатите министерства, вклучително и со Министерството за правда.
– Правната основа за сегашните ограничувања против коронавирусот во Германија истекува на 23 септември, а дотогаш Владата мора да одлучи за нови мерки, нагласи Лаутербах.