Лавров доаѓа во Скопје ако Бугарија го пушти да ја прелета”

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров доаѓа во Скопје. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј изјави дека ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Северна Македонија доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор и дека некои западни земји побарале средби со него за време на министерскиот состанок во Скопје закажан за 29 и 30 ноември.

„Очигледно Бугарија ѝ вети на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор – ако тоа се случи, тогаш ќе бидеме таму. Ајде да видиме“, рече Лавров на конференцијата.
„Веќе има неколку барања за средби – вклучително и од западни претставници“, рече Лавров а не ја исклучи ни можноста да се сретне со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. „Ако некој ни пријде, ние никогаш не бегаме и не се криеме“.
Инаку денеска во Виена беше постигнат компромис за претседавачкиот вакум на ОБСЕ по истекот на мандатот на македонското претседавање.
По руското одбивање да и биде доделено претседавањето на Естонија денеска 57 земји членки на ОБСЕ постигнаа согласност во 2024 година со оваа меѓународна организација да претседава Малта. Оваа одлука треба да биде потврдена на министерската конференција во Скопје на 30 ноември.

Back to top button
Close