Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал

Натпреварот со Данска е веќе минато, а македонските ракометари се подготвуваат за новиот предизвик – Португалија. На утринскиот брифинг со новинарите селекторот Кирил Лазаров напомена:

–  Нашиот следен ривал Португалија, тоа е одлична репрезентација и тука се дојдени да се борат за медал. Но, тие не се на нивото на Данска. За нас најважно е да се обидеме да одиграме подобро од дуелот со Данска. Сите ние сакаме изненадување. Португалија е фаворит, а ние ќе се обидеме да им го „пореметиме“ планот. Тие сметаат дека можат да стигнат и до медал. Цела ноќ се занимавам со нив.

Дуелот од второто коло македонските ракометари го играат утре (недела) со почеток во 18 часот во Хернинг.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close