Лефков: Судскиот совет изврши упад во Академијата за судии и обвинители


„Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители продолжуваат да преземаат чекори и да делуваат кон намалување на довербата на народот во правосудството. Советот на судии дрско изврши упад во Академијата за судии и јавни обвинители, и наместо да назначи судии за членови на УО на Академијата, истиот назначи свој член на таа позиција“ рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.„Важно е да се напомене дека Антоанета Димовска покрај тоа што е именуван функционер е и сестра на пратеничката од СДС, Снежана Калевска Ванчева. Законот е јасен. Антоанета Димовска не може да биде член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители. Дали нејзината роднинска врска со пратеник од СДС го мотивирала Судскиот совет да ја назначи за член на УО на Академијата, иако не смеел тоа да го направи? СДС треба да кажат која е нивната вмешаност во изборот?“ праша Лефков.

Back to top button
Close