Ленче Ристоска била добар обвинител ама била млада за виш обвинител?!

Ленче Ристоска е добар обвинител, но млада за во Вишото јавно обвинителство и возраста е таа која вчера не само неа, туку и на другите млади обвинители со добри достигнувања им се испречи на патот за унапредување, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК членови на Советот на јавни обвинители.

Во Советот велат дека иако е недозволиво да му се кажува на обвинител каде да конкурира и во краен случај е забрането, сепак, секој член посакува докажаните млади обвинители да ги види првин во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде што е работата и најтешка. Соговорниците забележуваат што Ристоска таму не конкурирала.

Ристовска вчера реагираше во медиумите за нејзииниот неизбор за виш јавен обвинител.

„Јас сум разочарана од одлуката на Советот. Навистина не знам зошто, и покрај демонстрираниот професионализам и интегритет, работата на случаи како „Таргет-Тврдина“, „Талир 1“ и „Талир 2“ и, паралелно, со тоа работа во „Еуроџаст“, за која сум пофалена од самата институција, јас не заслужувам унапредување. Ќе беше убаво да ги слушневме и причините и размислувањата на членовите на Советот, а не само нивната конечна одлука“.

Back to top button
Close