Левица: ДПМНЕ го презеде бизнисот со историскоот криминал на БЕХТЕЛ и ЕНКА – нивни функционер стана дел од фирмата за надзор

Соопштение на Левица

❗️Поранешен советник и партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ влегува во криминалот со фирмата за надзор над „Бехтел и Енка“ – истиот проект што Мицкоски додека беше во опозиција го нарекуваше историски криминал и „ПЉАЧКА на народот“ и ветуваше дека ќе го расчистува.

⚠️Истражувањето на медиумот ,,360 степени” откри дека во сопственичката структура на поранешната „Електра Солушнс“ (денес преименувана во „Аксион“) без никаков финансиски надомест влегол БОЈАН САВЕСКИ – поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром и претседател на месен комитет на партијата. Истата таа фирма, која јавноста ја памети како фирмата за долна облека доби милионски удел во надзорот над „Бехтел и Енка“.

 

📣Потсетуваме дека токму Христијан Мицкоски во 2023 година тврдеше дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе се позанимава со тендерот за супервизија и надзор, а подоцна изјавуваше и дека лично ќе се занимава со овој случај. Но денес, наместо истрага и одговорност, Обвинителството јавно се жали дека МВР НЕ ПОСТАПУВА по наредбите за предметот поврзан со надзорот над „Бехтел и Енка“.

 

🚨Очигледно, проблемот за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не бил криминалот со „Бехтел и Енка“. Проблемот бил што тогаш тие не биле дел од шемата со ПРОВИЗИИ. Затоа и после две години мандат на владата на Мицкоски, за историскиот криминал со ,,Бехтел и Енка” не само што нема одговорност – туку нивни структури стануваат дел од овој криминал.

 

❌️Додека Мицкоски говори дека владата се задолжува заради хаосот што го наследиле од претходната криминална власт – јасно е дека ДПМНЕ и СДСМ со секоја промена на власт си ги АМНЕСТИРААТ милионските криминали, а цехот го плаќаат осиромашените граѓани.

Back to top button
Close