Левица ќе се бори против сите договори кои ги рушат АСНОМ-ските постулати

Извршната наредба на Бајден за санкции на сите субјекти кои се против Охридски и Преспански договор е дел од империјалистичката надворешна политика на САД која оперира со притисок, санкции, закани и воени интервенции – насилничка политика.

Но, она што е важно за нас да се потцрта, конкретно за интересите на Македонија, е тоа што уште еднаш се покажува дека во борбата за враќање на националната сувереност и достоинство товарот ќе падне на грбот на обичните граѓани т.е. на класата која не располага со капитал со кој може да биде уценувана на ваков начин, бидејќи нив нема што да им земат.

Всушност, ваквите договори како Рамковниот, Преспанскиот и Бугарскиот предизвикуваат регионална нестабилност, а не обратно. Искуството низ годините покажа дека Охридскиот договор е само алатка на задоволување на теснопартиските интереси на ДУИ, кој 20 години е на власт на Македонија.

Доследни на левичарската традиција, партијата Левица ќе продолжи да се спротиставува на сите штетни политики и договори кои се против националните интереси, воспоставени уште од АСНОМ. Од друга страна, додека македонската опозиција е заглавена во западен фундаментализам, не очекуваме автентичен отпор против ваквите договори.

Back to top button
Close