Тошковски: Левица станува сојузник на СДСМ и ДУИ!

Министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски за интерпелацијата поднесена од пратеничката група на партијата Левица вели дека е политички обид без суштински аргументи, чија цел е да се закочи процесот на справување со криминалот и корупцијата.

Тошковски на социјалните мрежи вели дека ова е трета интерпелација против него во период од две години и дека, истата повторно е најавена преку политички настап, а не преку конкретни аргументи.

Министерот нагласува дека интерпелацијата е демократско право на опозицијата и дека нема намера да избегнува собраниска расправа, туку напротив ќе ги соочи ставовите во парламентот пред пратениците и јавноста.

Тошковски упати критики кон Левица, тврдејќи дека партијата со ваквите потези, се позиционира како политички сојузник на СДСМ и ДУИ.

„Не се напаѓа оној што е неважен, се напаѓа оној што менува нешто“, наведува министерот Тошковски.

Back to top button
Close