ЛЕВИЦА: ЗА КРИМИНАЛНИОТ ДОГОВОР СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЌЕ СЕ ПЛАЌААТ МИЛИОНСКИ КРЕДИТИ – НАМЕСТО РЕПРОГРАМИРАЊЕ, ДПМНЕ ГО ЗАДОЛЖИ НАРОДОТ

🚨Кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, проектот со „Бехтел и Енка“ беше претставуван како симбол на криминал, нетранспарентност и штетно трошење на народните пари. Граѓаните слушаа ветувања дека договорот ќе биде репреговаран, дека ќе се утврди ОДГОВОРНОСТ и дека ќе се стави крај на практиките кои ја чинат државата милијарди евра.
❌️Денес наместо репреговарање, како што ветуваше Мицкоски во опозиција, неговата влада сега обезбедува нови средства и НОВИ ЗАДОЛЖУВАЊА за истиот проект! Ако договорот бил криминален тогаш, зошто денес се финансира?! Ако бил штетен за државата, зошто не е изменет? Ако бил пример за лошо владеење, зошто сега се продолжува по истиот пат?
⚠️ Четириесет години партиите на власт не успеаја да изградат систем во кој капиталните проекти ќе се реализираат без анекси, без дополнителни милионски трошоци и без постојано префрлање на товарот врз граѓаните. Наместо функционална инфраструктура, генерациите се задолжуваат со нови долгови.
❗️Во време кога соседните држави се натпреваруваат кој ќе привлече повеќе инвестиции, кој ќе изгради подобра инфраструктура и кој побрзо ќе се интегрира во европските економски текови, #Македонија со криминогените партии останува заглавена во кругот на политички пресметки, нереализирани ветувања и континуирано задолжување.
⚠️Статус квото продолжува, а со тоа продолжува и изолацијата на државата. Наместо Македонија да стане регионален центар за инвестиции, транспорт и бизнис – таа сè повеќе ризикува да стане спореден и ирелевантен фактор на Балканот. Цената на тоа не ја плаќаат партиите на естаблишментот. Ја плаќаат граѓаните, компаниите и идните генерации кои ќе ги враќаат долговите создадени денес.






