ГАЛЕРИЈА: Луксузен стан од еден милион евра направен во викторијанска бања
Луксузен стан направен во реновирана викторијанска бања од 19. век, е понуден на продажба за еден милион фунти (околу 1,11 милиони евра).
Станот се наоѓа во зграда во гратчето Пенарт во Велс и е навистина оригинално и уникатно место за живеење. Објектот првично служел како јавна бања, во која два базена се полнеле со морска вода. Бањата била затворена во 1980-те, кога просторот бил претворен во ресторан, а потоа во 2005 година била поделена во четири одделни простории. Една од нив денес е станов што се нуди на продажба.
Тули и некои прозорци од оригиналната бања се задржани, како и челичните греди и стакларникот на таванот. Сепак, ентериерот е преуреден и претворен во луксузен и модерен простор за живеење. Има и подно греење, а на вториот кат има теретана и тераса.
Има сауна за релаксација, џакузи, тушеви, бања… Станот има три спални соби и две бањи.
Главната дневна соба сѐ уште ги има оригиналните прозорци и малку повеќе обложени sидови од тули, како и камин и скали што водат до вториот кат. На истиот простор се наоѓа и добро опремена кујна со кафемат и други современи, софистицирани апарати.
На горниот кат, пак, покрај спалните, има и просторија што може да се користи за работа од дома.
Во близина на станот има карпи и шеталиште покрај морскиот брег. Цената на станот е еден милион фунти. си/