Мјнамарската хунта погуби четворица демократски активисти

Мјанмарската војска погубила четворица демократски активисти, што се први извршени смртни казни во оваа држава во последните неколку децении. Меѓу нив се и бившиот пратеник Фио Зеја Туа и популарниот автор Ко Џими, кои беа обвинети за терористички акти.

Егзекуциите, кои хунтата ги најави во јуни, предизвикаа меѓународна осуда. Тие следуваат по минатогодишниот пуч, кога војската ја собори демократски избраната влада на чело со нобеловката Аунг Сан Су Кји и крваво ги задуши протестите.

Државните медиуми објавија дека четворицата мажи биле погубени бидејќи „дале наредби и организирале и спровеле брутални и нечовечки терористички акти“, а казната им била изречена на затворено судење во јануари. Егзекуциите биле извршени согласно новите противтерористички закони, но не е наведено кога.

Туа (41) важеше за близок соработник на Су Кји, додека 53-годишниот Ко Џими беше ветеран на продемократското движење во земјата.

Според Обединетите нации, ова се први егзекуции во Мјанмар од 1988 година, а претходно се извршувале со бесење.

Back to top button
Close