Мaјката на момчето-убиец исправена пред три годишна затворска казна – Обвинителството истражува дали го запоставувала и малтретирала синот
Основно јавно обвинителство во Белград вчера соопшти дека полицијата добила наредба да собере податоци за мајката на Коста К.

Како што се наведува во соопштението, во наредните денови осомничената М.К. ќе биде сослушана, а полицијата треба да изврши разговор со педагогот и психологот вработени во ОУ „Владимир Рибникар“, како и да ги преземе сите други мерки и дејствија потребни за целосно утврдување на фактичката состојба.
Исто така, на Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето убиец и да поднесе пријава до обвинителството, како и да утврди дали наведеното семејство претходно било во евиденцијата на тој орган.
Доколку се докаже дека М.К. ги занемарила обврските на родител исправеа е пред можноста за затворска казна до 3 години.
Адвокатот Радомир Мунижаба за „Блиц“ објаснува од што зависи казната за мајката на убиецот на момчето, доколку се докаже дека таа го сторила споменатото кривично дело.
– Доколку се докаже дека мајката сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице, може да се казни со затвор до три години. Делото во основната форма претставува грубо занемарување на должноста згрижување и воспитување на малолетно лице, а тоа пред се се однесува на овозможување услови за развој на малолетникот како личност – вели Мунижаба.






