Македонија протера тројца руски дипломати и еден руски свештеник – имаат 5 дена да ја напуштат земјава
Тројца руски дипломати неодамна се прогласени за персона нон-грата, односно ќе бидат протерани од Македонија поради кршење на дипломатскиот код поради нивна сомнителна активности, објави порталот Алмакос, повикувајќи се на извори во Министерството за надворешни работи (МНР).
Имињата на протераните Руси пишуваат од редакцијата на Алмакос, се политичките советници И.Хропјачков, А.Рождевсдвенски, како и аташето С.Попов, кој според изворите на Алмакос извршиле несоодветни дипломатски дејствија.
Од информациите добиени од надлежните органи, овие лица вршеле дејствија што се спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи и во следните 5 дена ќе треба да ја напуштат територијата на Македонија.
Алмакос дознава и дека други специјализирани безбедносни органи го протерале свештеникот на Руската црква В.Змеј.