Македонските државјани од Израел на пат за дома – Авионот на Ер Србија прво слетува во Скопје

Компанијата „Ер Србија“ ги евакуираше граѓаните на Македонија од Израел.

Во авионот на Ер Србија има вкупно 133 патници, од кои повеќето се државјани на Северна Македонија, а има и државјани на Србија и Црна Гора, кои ќе го продолжат патувањето од Скопје до Белград.

Со мало задоцнување полетаа патниците од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив кои се пријавија на повикот за евакуација и репатријација во Северна Македонија, велат од Министерството за надворешни работи за МИА.

Се очекува тие да пристигнат на Меѓународниот аеродром во Скопје околу 16 часот.

Го добивме и последниот патник во авионот. Ви посакувам се најдобро и ве поздравувам пред амбасадите на Србија и Северна Македонија, конзулатот на Црна Гора и амбасадата на Албанија, од моите драги колеги кои организираа се. Прво летаат за Скопје, па за Белград. Внимавајте и се надевам дека ќе се видиме во подобри времиња. Се најдобро – изјави Душан Вујовиќ, вршител на должност во Амбасадата на Србија во Израел.

Трошоците за летот се на товар на Владата на Северна Македонија, која вчера објави соопштение со оваа информација

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close