Македонско бизнис присуство во Дубаи – регистрирани 52 компании

Во Дубаи македонското бизнис-присуство во Обединетите Арапски Емирати бележи раст. Во Стопанската комора на Дубаи моментално се регистрирани 52 македонски компании. Ова беше објавено по средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на комората, султан бин Саид ал Мансури, за време на престојот на македонската делегација во Дубаи.

Како што соопштија од службата за информирање на Владата, пет од овие компании се приклучиле кон комората само во првите три месеци од годинава.

Во македонската јавност веќе подолго време се зборува за имотите на македонски државјани во Дубаи.

Инаку, Македонија во ОАЕ претежно извезува електронски уреди, облека, возила, машини, како и овошје и зеленчук.

Според истражување објавено од норвешкиот финансиски центар Е24 во 2022 година, 45 македонски државјани поседуваат вкупно 55 имоти во Дубаи, чија вкупна вредност е проценета на околу 14 милиони долари. Истражувањето се базира на податоци од 2020 година.

Back to top button
Close