Макрон домаќин на втор итен состанок за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе биде домаќин на вториот по ред вонреден самит посветен на Украина и европската безбедност. За разлика од состанокот во понеделникот, овојпат се поканети и Канада и другите европски земји што не присуствуваа на собирот од пред два дена

На состанокот во Париз се очекува да бидат присутни претставници и на Норвешка, Естонија, Летонија, Литванија, Чешка, Грција, Финска, Романија, Шведска и Белгија.

По средбата во понеделникот, европските лидери испратија порака дека Киев не смее да биде изоставен од мировните преговори за ставање крај на војната и дека САД треба да бидат гарант на трајниот мир во земјата.

ЕУ и САД не смеат да бидат поделени во мировните преговори за Украина, рече Шолц по состанокот во Париз

Францускиот претседател телефонски го информираше својот украински колега за заклучоците од состанокот.

Макрон и Зеленски се согласни дека силни безбедносни гаранции се клучот за траен мир во Украина

Денешниот втор по ред итен состанок за Украина следува по вчерашните разговори на претставници на САД и Русија во Саудиска Арабија за руско-украинскиот конфликт, без украински претставници

Back to top button
Close